Рекорден број на учесници на Google HashCode 2020 квалификациите

IT.mk редакција

во ИТ.МК

Заврши квалифациската рунда на Google HashCode 2020. Оваа година натпреварот го одбележа рекордниот број на учесници. Над 24 тимови учествуваа на 3 хаб локации. Во Скопје тимовите беа во хабовите на Netcetera и WebFactory, третата локација е во Inellipse во Битола.

Кај Netcetera беа регистрирани и учествуваа 17 тима, односно 57 учесници, а во Webfactory 4 тима, односно 11 учесници. Иако претходните години македонските тимови имаа успех, и се пласираа во финалето овјопат, за жал ниту еден македонски тим не успеа да се пласира во финалната рунда која требаше да се одржи кон крајот на април.

Првите пет места во Македонија изгледаат вака: на прво место е тимот NCA (минатогодишни финалисти), втор е тимот Woodpushers, а на трето место е Veza Nemam, четврти се Meme (минатогодишни финалисти), а петтото место е за тимот Divide and ВЛАДЕј.

На светската „табела“ македонските најдобро пласиран е тимот NCA, а зад нив е тимот Meme.

  • NCA – 203 место
  • Meme – 555 место
  • Divide and ВЛАДЕј – 587 место
  • Absolute MadLads – 1245 место
  • FPOP – 1733 место
  • APStrakt – 2175 место
  • Skopje_Needs_FreshAir – 2398 место
  • HiddenForExam – 2812 место
  • Assemblers Reassembled – 3774 место
  • XTRID – 4218 место
Атмосфера во хабот на Netcetera

Дел од атмосферата во Webfactory

И Netcetera…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии