Рекламните агенции реагираат против „не прати“ опцијата на Firefox

Од Mozilla велат дека на оваа опција треба уште многу да се работи и дека е далеку од совршена, земајќи го во предвид тоа што иако корисникот ја овозможи оваа опција и ќе одбере „да не биде следен“, оние на другата страна, односно компаниите на кои име потребно тоа следење заради таргетирање, мора да се согласат да не следат за вистински да функционира „не следи“ опцијата.

„Првиот став кон нас беше: ‘вие ја рушите мрежата. Таа е економски модел. Ако го направите ова, вие со еден потег ја рушите мрежата. Ќе биде одлично место за непрофитни организации, ама вие не ја разбирате мрежата.“, објаснува директорот на Mozilla, Гери Ковакс, за тоа како реагирале рекламните агенции на нивната објава и за тоа кое е нивното гледиште.

Г. Ковакс понатаму вели дека иако рекламните агенции останале неми на тоа на неговото прашање дали нивниот модел во основата го има тоа да им работат позади грб на корисниците. Но ако 450 милиони корисници ја кренат својата рака во знак стоп за следењето, ќе мора да бидат послушани.

На сите ни е јасно дека приватноста на Интернет е сосема фиктивна работа. Нашето однесување е постојано следено (иако тука нема простор за параниочни мисли) од рекламни агенции или пак разни владини структури секој со своја агенда. Очигледно желбата на Mozilla да повлече некоја линија и да заокружи мал дел од нашата приватност ќе треба да помине преку многу препораки за вистински да биде овозможена опцијата, ако воопшто тоа се случи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии