Реклами додека играте како можен модел за бесплатна претплата?

Blizzard Entertainment се прилично таинствени кога е во прашање новата онлајн игра која за сега е наречена Project Titan. Можеби точно поради ова фановите со нетрпение ја чекаат секоја вест која барем малку има допирни точки со издавањето на оваа игра. Еден од огласите за вработување во Blizzard привлече волку големо внимание на гејминг страните. Според огласот и анализат на неколку гејминг портали, избраниот нововработен ќе има задолжение да се грижи за најновиот ММО бренд на Blizzard, Titan. Покрај ова ќе треба да соработува со голем број на потрошувачки брендови и нивно лиценцирање во новата игри на начин кој ќе го подобри квалитетот на играњето.

Повеќето од аналитичарите се согласни дека ова може да значи дека новата ММО најверојатно ќе има микротрансакциски начин на претплата. Најхрабрите аналитичати одат дотаму и предвидуваат дека можеби во играта ќе може да се видат и билборди со реклами на Coca-Cola, iPhone и слично. Според најавите дека оваа игра нема да ве обрврзува да поминувате премногу време за да останете компетитивни можеби рекламите додека играте ќе бидат дополнителен приход за креаторите на играта.

Дали е можно ААА наслов да биде целосно исплатлив од реклами? Со оглед на тоа дека станува збор за реклама во светски рамки и успехот на претходникот (World of Warcraft кој моментално има околу 10 милиони корисници) повеќе или помалку гарантира изложеност на значителна бројка на посетители за наслов кој не чини премногу ова е сосема реално. Проблем кој може да се појави е веројатната инертност кај производителите кои се навикнати на билборди, телевизиски реклами и слично. Втор проблем е демографски, покрај тоа што староста на гејмерите се зголемува и моментално има највисока средна вредност до сега (37 години) сепак рекламите ќе мора да таргетираат прилично мала целна група.

За гејмерите ова може да биде чекор во оваа насока, главно потребата од поголема публика на која ќе и се претстават рекламите ќе значи и намалување на цената на видео игрите, а за дизајнерите и издавачите тоа ќе значи поголема заработувачка од реклами.

Сепак сето ова е главно шпекулација се додека Blizzard јавно не излезат со информација за начинот на претплата, дата на излегување на Titan и се разбира бројот на играчи кои ќе ја играат играта. Добра вест е што ако некоја компанија може да го направи ова тоа најверојатно се Blizzard, а нема да биде прв пат останатите да го следат нивниот пример. Играта е најавена за крајот на 2013 година, најверојатно со петтото продолжение на World of Warcraft, а останатите информации ќе ги очекуваме од прес конференциите со оглед на тоа дека официјалнот соопштение од Blizzard e дека поради презафатеност нема да се одржи BlizzCon 2012.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии