Start кoпчето се враќа како ѕвезда на најновата надоградба Windows 8.1

Од 18 октомври заедно со Windows 8.1, Microsoft го враќа Start-копчето. Дел од новите опции додадени во надоградбата се уште можат да се изменат, но Start ќе остане без можност за отстранување, дури и ако корисниците сакаат да го исклучат, јавува The Verge.

Враќањето на Start е потенцирано во новата Windows 8.1 реклама, а Microsoft веќе објави дека голем дел од жалбите за новиот оперативен систем се токму поради овој недостаток и Boot to desktop опција која доаѓа со новата надградба на Windows 8. Сепак доколку се надевате дека новото копче ќе дојде со дел од функционалноста на претходникот ќе бидете разочарани. Наместо старт мени овојпат Start копчето ќе ги враќа корисниците од десктоп во Metro, опција која им е достапна на корисниците и до сега со притискање на Windows-копчето на тастатура.

[youtube]6QGrv7JbzjU[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии