Реинсталирајте Windows 10 од облак

Порано или подоцна, вашиот компјутер знае значително да ја намали брзината и ефикасноста и она што обично помага е форматирање на дискот и свежа инсталација на оперативниот систем. Во случај на Windows 10, постојат неколку процедури, од кои најмалку болната се чини дека е преземање на ISO фајл и префрлување на USB стик. Но, за помалку искусните или помалку трпеливите, и таквото нешто знае да биде предизвик, особено кога ќе земете во предвид потребата за додатно надополнување по самата инсталација.

How to use cloud download to reset computer on Windows 10 May 2020 Update |  Windows Central

Од неодамна, Windows 10 се одликува со една опција која се вика Cloud download. Благодарение на неа можете да направите целосна инсталација без да пешачите по горе-опишаниот пат. Имено, едноставно одите во Settings, па Update & Security, за да кликнете на Get started во одделот Reset your PC. Потоа, изберете дали сакате вашите лични податоци да останат и од наредниот екран одберете cloud download. На овој начин оперативниот систем, со најновите надополнувања ќе биде преземен од интернет и директно ќе започнете со свежата инсталација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии