Enterprise Europe Network Македонија организира дводневна конференција која ќе има за цел да го забрза вмрежувањето на малите и средни претпријатија од секторот на информатички технологии, но и да понуди можности за финансирање на иновативни технолошки проекти и решенија. Конференцијата е закажана на 7ми и 8ми јуни во Скопје.

Македонските компании, но и компаниите од регионот на југоисточна Европа ќе имаат можност во рамки на дводневната конференција да се обидат да склучат соработка со цел ширење на своите активности и полесно пристапување на странски пазари. Вмрежувањето ќе се реализира преку закажување и остварување на B2B средби на 8ми јуни во просториите на Стопанската Комора на Македонија во Скопје.

Најиновативните компании и тимови ќе имаат можност на вториот конференциски ден да ги презентираат своите идејни решенија пред панел од потенцијални инвеститори со претставници од Фондот за иновации и технолошки развој, South Central Ventures, Кримсон Капитал и CEED Македонија. Учесниците ќе можат и да се информираат за инструментите за финансирање кои се отворени од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, но исто така и да научат како да пристапат и да ги искористат алтернативните извори на финансирање кои се нудат од страна на акцелератор фондовите во регионот.

Учеството на конференцијата е бесплатно. Сите заинтересирани компании можат да се регистрираат најдоцна до 27 мај на веб страната.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии