Редно време беше МАРнет да добие нов сајт

Неодамна македонскиот домен беше либерализиран на почетокот на годината, а македонската академска истражувачка мрежа МАРнет од единствена опција за добивање домен стана чувар на 25.000 .mk домени, задолжен да ги надгледува приватните регистрари. Либерализацијата значи дека веќе нема да одите во МАРнет со печатени апликации за домен, туку си одбирате еден од официјалните регистрари од разни градови кои ќе ви ја завршат целата работа и ќе ви понудат хостинг. Цената на домените можеби скокна за 50%, но тоа е ефектот на ослободениот домен во моментов.

Во таа насока, да ги промовира регистрарите МАРнет направи редизајн на својот застарен веб сајт. Сега сајтот дефинитивно изгледа подобро, иако не е довршен и му фалат страни. Но, тоа што е најважно е што е ставен фокус на регистарот на кој може да проверите кои домени се зафатени и од кого, и на листата до регистрари од кои може да си купите домен.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии