Редизајнирана Google Street View страницата да вклучи повеќе информации

Покрај оние места кои се наоѓаат на првата страница, можете да погледнете скијачки терени ширум светот, дел од местата заштитени од UNESCO како светско наследство, или разни места ширум седумте континенти.

Исто така, на страницата можете да ги видите и возилата кои Google ги користат за сликање на овие места, да видите нивни 3D модели и да ги видите во акција, да се запознаете со нивната маскота Пегман или пак да научите повеќе како Google се справуваат со приватноста на оние кои се вклучени во нивните слики, што е прикажано едноставно на видеото подолу.

Има и краток водич за оние кои сеуште не ги откриле сите можности кои ги нуди Street View.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии