Reddit затвори пет подфоруми поради говор на омраза

Reddit започна да ги имплементира своите нови и строги правила за однесување со затварање на пет свои форуми. Први зафатени со забрана се „Fat People Hate“ подфорумот, но и повеќе слични кои може да се вбројат под говор на омраза, јави BBC.

Подфорумот r/fatpeoplehate имаше над 5.000 посетители и беше најактивниот од затворените. Најголем дел од постовите се фотографии или коментари со кои се исмеваат луѓе се прекумерна тежина. Забранети се и повеќе други подфоруми кои шират омраза или исмеваат трансексуалци, хомосексуалци, шират расизам и слично. Иако Reddit вели дека на fatpeoplehate, има неколку илјади посетити, кешираната страна покажува над 151.000, вели Verge.

Оваа промена не помина благонаклоно кај дел од корисниците кои го преплавија сервисот со фотографии од забранетите форуми, но и со навреди кон модераторите, обвинувајќи ги за цензура. Од Reddit објаснуваат дека забранетите форуми не се придржуваат до новите правила за користење, а модераторите на овие форуми не преземале мерки за отстранување на говорот на омраза и навредите.

Со оглед на тоа дека има над 160.000 форуми, 5 се само капка вода во океанот. Но Reddit вели дека нема намера да престане со забраните и ги охрабрува сите корисници да ги пријават говорот на омраза, објаснувајќи дека го казнува однесувањето, никако размената на идеи. „Интернет е медиум кој постојано еволуира,а ова претставува значителен предизвик, ние учиме и се надеваме дека ќе го поправиме нашето место на него“, велат од Reddit.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии