Reddit започна војна со троловите, но заедницата бара слобода на говор

Нема место онлан за троловите и интернет-насилницете. Reddit најави дека започнува со правила за користење кои ќе казнуваат сајбер-насилство. Корисниците кои сметаат дека се цел на сајбер-насилство можат да пратат имејл до Rеddit, по што популарниот сајт за споделување линкови ќе реагира. Промените доаѓаат по шест месеци истражување, и се поддржани од ко-основачот Алексис Оханиан, директорката Елен Пао и Џесика Морено, која е задолжена за Reddit заедницата.

„Не сме задоволни од сајбер-насилството на Reddit, нашето истражување покажува дека и нашите корисници се незадоволни. Затоа ќе ја подобриме практиката за да го огранилиме насилството врз индивидуалците на Reddit“.

Но, дел од корисниците бараат платформата да остане без контрола или „цензура“, велејќи дека оваа промена ќе го ограничи правото на говор. Дел од поплаките се и дека станува збор за премоногу општи правила, кои ќе наштетат на слободата која ја има платформата. „Систематски и продолжени акции насочени кон некој за негово измачување или омаловажување на начин кој (1) ќе придонесе нормален човек да заклучи дека REddit не е безбедна платформа за искажување на идеи или за учество во дискусија или (2) стравување по сопствената или безбедноста на луѓето околу нив“. Дел од корисниците веднаш започна и со поплаки велејќи: Ова не е Facebook, Reddit е платформа за слободен говор, не е на модераторите на subreddit-да одлучат како ова треба да биде спореведено.

Иако корисниците се жалат тешко е да се поверува дека Reddit ќе се одлучи да ги повлече промените кои доаѓаат со подршка од основачите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии