Reddit, Twitter, Github, Amazon имаат проблеми заради DDoS напад врз Dyn DNS серверите

Image Courtesy of DynDNS.com

Голем дел од интернет сајтовите во текот на денот, а и во моментот на пишување на овој текст се недостапни или имаат проблеми со прикажување на содржини. Причината е DDoS (Distributed Denial of Service) напад над серверите на DNS компанијата Dyn, која своите услуги ги сумира како оптимизација на „интернет перформансите“ на сајтовите.

Сајтови како Reddit, Twitter, Github, Amazon, Netflix беа недостапни за сите или за дел од корисниците ширум светот. DDoS напад наједноставно објаснето е кога хакерите ги бомбардираат серверите со огромен број на барања при што серверите закочуваат или стануваат комплетно недостапни дури трае нападот. Кон ваквите напади одбраната е доста ограничена и бара инволвирање на голем број ресурси.

На сајтот наменет за статусот на серверите на Dyn, во моментот на објавување на овој текст како последно стои известувањето:

“Нашите инжинери работат на истрага и намалувае на ефектот на серијата напади кон Dyn инфраструктурата за менаџирање на DNS.”

На тема DDoS напади, до сега ги имаме покриено следниве слични ситуации:

1 коментар на “Reddit, Twitter, Github, Amazon имаат проблеми заради DDoS напад врз Dyn DNS серверите

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии