Reddit никогаш не бил замислен да ја штити слободата на говор, велат основачите

Целта не Reddit никогаш не била да биде заштитник на слободата на говорот, ниту компанијата има обврска да ги поддржи и да ги задржи сите форуми, вели Стив Хофман, директор на Reddit. „Најголемиот дел од содржината на Reddit доаѓа од прекрасни, креативни, смешни, паметни и будалести заедници. Тоа е она што го прави Reddit одличен, но постои и темна страна, заедници чија цел е одврата, а ние немаме обврска да ги поддржиме. Ниту јас ниту Алексис (Оханинан) не го креиравме Reddit да биде упориште на слободата на говорот“, вели г. Хофман за Guardian.

Неговата изјава доаѓа по неколку неделна конфронтација и протести помеѓу корисниците и модераторите од една страна кои побараа поголема одговорност од Reddit, и основачите и директорите кои сакаат да бидат слободни да си ја работата својата работа. Тоа што го прави ова уникатен проблем е што Reddit е едноставно форум на кој содржината ја генерираат кориснциите, и тоа им дава огромна моќ. На крај заедницата сепак победи.

Но сега Reddit, преку изјавата на новиот директор и ко-основач Хофман, се обидува да се покаже како правичен администратор кој би сакало да креира одговорна средина за комуникација, наместо да го остави сајтот на корисниците. Не е новитет компанијата да затвора форуми кои не се погодни и на кои се шири расна нетрпеливост, детска порнографија или содржини чие споделување е спротивно на законот. Тие форуми често се надгледуваат, а постовите се затвораат или отстрануваат. Неодамна кога во фокусот на вниманието на интернет беа разголените фотографии и видеа на повеќе холивудски ѕвезди, Reddit одлучи дека нема да ги споделува овие содржини на своите форуми.

„Наша цел е да креираме сопфатна преакса за содржините кои може да се објават и да креираме алатки кои ќе овозможат нејзино спродведување“, додаде г.Хофман.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии