Reddit наскоро ќе овозможи и прикачување на видео содржина

Reddit започнува со овозможување на додавање на видео содржина. Платформата објави дека наскоро ќе овозможи прикачување на видео содржина. За сега сервисот е во бета фаза и е достапен во околу 200 сабредити.

Reddit ова го најави кон крајот на мај, заедно со најавата за оригинална содржина. Целта на промената е да се додаде нова содржина која ќе овозможи и повеќе разговори. Секако ова треба да ги задржи корисниците подолго, но ќе овозможи и нова платформа за рекламирање.

Досега за поставување на видео содржина корисниците од видеото креираа анимирани слики и ги прекачуваа. Ова ниту е едноставен, ниту краток процес, па дел од корисниците кои се нетрпеливи и помалку вешти ќе можат поедноставно да постават сопствена содржина. Ограничувањето ќе биде видеата да бидат покуси од 15 минути и помали од 1GB, јави Verge. Главна идеја не е споделување на постоечки видеа, иако ова не може да се исклучи, туку креирање на оригинална содржина.

Форумот се обидува да пронајде начин да ги избегне проблемите со содржини за кои немаат права на користење. Reddit има три тимови кои работат на ова, но се чини дека сепак има проблеми. Дел од корисниците објавија дека се повлекуваат од објавувањето на видеа. Throwaway_4_opinions објасни дека се повлекува од бетата. Причинита кои се наведени се: голем број на украдени видеа; лошата интеграција со мобилната платформа; проблеми со разликувањето на спам пораките од вистинските пораки за авторски права; неможност за исклучување на автоматско стартување на видео.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии