Red Dead Redemption 2 доаѓа во 2017!

Image Courtesy of Rockstar

По два дена задевање, Rockstar конечно го официјализира излегувањето на една од најочекуваните игри.

 „Развиена од креаторите на Grand Theft Auto V и Red Dead Redemption, Red Dead Redemption 2 е епска приказна за суровиот живот во Америка.“, објаснуваат на официјалниот сајт и додаваат: “Огромниот свет на играта ќе биде основа и за целосно ново мрежно искуство“.

Дами и господа, Red Dead Redemption 2 доаѓа на есен, 2017 година! За жал, никаде во изјавата не се спомнува верзија за PC, но таквото нешто би можело да се случи со поминот на времето, иако оригиналната RDR никогаш не излезе за PC. Официјалната најава е за Xbox One и PS4.

ubssqgimhn9cg2na0aeq

„ Со Red Dead Redemption 2“, објаснува Сем Хаузер, основачот на Rockstar Games „тимот макотрпно работи да ја исфрли нашата визија за интерактивна забава во еден органски свет. Се надеваме дека ќе им овозможиме на играчите епско искуство кое се надградува над сè што досега имаме научено“.

Овој четврток ќе излезе првиот трејлер за играта.

Инаку, најавата беше загревана со само две слики и за време на двата дена емоциите на фановите експлодираа до бесвест. Тоа, меѓутоа, не е единственото нешто. Со тие две едноставни и навидум еднолични слики акциите на компанијата Take-Two, која е сопственик на студиото Rockstar и 2K Games скокнаа за 5.5%!

slika-1

1 коментар на “Red Dead Redemption 2 доаѓа во 2017!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии