Реагирај! Спречи го насилството врз жените во Скопје преку Ushahidi платформа

Реагирај! Сподели приказна, спречи насилство. Ова е слоганот на новит веб проект против насилството врз жените и девојките на јавните места во Скопје. Реагирај е иницијатива која со помош од корисниците и жртвите на насилството, новите технологии и анонимноста, ќе собере доволно податоци за вознемирувањата и насилствата со кои ќе се алармираат надлежните органи за локациите, со цел да се зголеми безбедноста на жените и девојките на јавните места во Скопје.

Јана Коруновска од Reaktor.org.mk, кои стојат зад Реагирај, вели дека проектот има за цел да обезбеди 100% безбедни јавни простори во цела Македонија. Но, предизвици има многу.

„Проблемот е што за тоа да се случи граѓаните прво мора да станат свесни дека проблемот со насилството против жените на јавни простори навистина постои и дека не треба да се банализира.“, вели Јана. „Ако некоја девојка се движи по полноќ сама во мини сукња, дури и самата таа ќе се чувствува виновна ако е жртва на родово базирано насилство. Тоа е за нас неприфатливо.“

Според Јана, секојдневните игнорирања на насилството се забележуваат и во начинот на кој девојките ги раскажуваат настаните.

„Еве и во некои од пријавите кои се веќе оставени на нашата платформа девојка која била жртва на свиркање се чувствува должна да објасни дека носела кошула и фармерки, а друга девојка која била следена во 6 часот наутро да објасни дека се враќала од работа и заради тоа толку доцна одела накај дома. Ова отсликува една цела култура каде уличното вознемирување е прифатливо и неговото постоење меѓудругото се препишува и на „провокациите“ на самите девојки, или пак како некој вид на комплимент.“

Веќе се направени интервјуа со 800 жени од кои секоја четврта вели дека и е непријатно кога некој зјапа во неа, а секоја трета се плаши кога некој свирка по неа или и дофрла со „маче“ или со друг сексистички коментар.

Решението секако треба да биде подигање на свеста пред се, но за тоа ќе мора да се соберат приказните, да се посочи на проблемот преку соодветни податоци за да не може насилството да биде игнорирано. За да успее во тоа Реагирај! ја користи Ushahidi платформата за „краудмапинг“ преку која секој корисник може да пријави било какво вознемирување на улица, во парк, во автобус или било која друга јавна локација. Платформа е слободна и сосема едноставна за користење, вели Тамара Атанасоска од Reaktor.org.mk.

„Не сме прва инстанца на оваа платформа во Македонија, но првпат во духот на слободниот софтвер целосно ја преведовме платформата и мобилните апликации и ги вративме назад во Ushahidi заедницата. Најдовме и превод на албански и ги натеравме момците да го качат и да е слободен за сите исто. Оваа недела не прогласија за инстанца или Ushahidi имплеметација на неделата. Напишавме и кратко туторијалче како да се користи страницата http://prikazni.reagiraj-bidibezbedna.mk/kako-da-ja-koristite за оние кои се двоумат.“

7 коментари на “Реагирај! Спречи го насилството врз жените во Скопје преку Ushahidi платформа

  1. Thank you for any other informative website. Where else may just I get that
    kind of info written in such an ideal means? I have
    a undertaking that I am simply now working on, and I’ve been on the glance out for such information.

  2. Пааа извини неможам без да го "тупам". Или перфекција или ништо

    Во SEO индустријата "-" вклучено во име на домен предизвикува одредена доза на грозење.

    А и од аспект на брендирање доменот не прави смисла.

    А и никаде не реков дека мене ми е тежок за помнење, објективно гледано за пошироката таргет публика која користи интернет "воопшто до ретко"! ДА! Доменот е тежок за помнење

    1. Ставете си во букмарк, синхронизирајте си го низ уредите преку бесплатните сервиси како што Firefox sync, истото го има и Chrome или ако сакате независно од прелистувач го имате Xmarks. И ќе ја имате веб страницата кога ќе ви притреба. Нема да ја куцате воопшто!

      Ако јас ги памтев сите веб страници до сега, тешко мене. Користете технологија да си ја ослесните работата а не само да се жалите. И од толку опширен проект се фативте за доменот. Изгледа вие сакате повеќе да правите муабет за тоа како се вика доменот наместо за одличната иницијатива на одредена група на луѓе.

      Не е во ред.

      SEO индустрија? Само едно „свашта“ ќе ти кажам за тоа.

  3. Тралала, дај бе не го тупи.
    Ако ти е комплициран за помнење доменот reagiraj-bidibezbedna.mk тогаш ти имаш сериозни проблеми.

  4. Одличен дизајн, одлична идеја, одлична изведба. Единствено ме интересира како дојдовте до идеја да го изнајмите доменот http://reagiraj-bidibezbedna.mk/ јас сакав да го регистрирам, толку е краток, лесен за помнење тоа чудо нешто. :D

    Мислам дека требаше да го земите доменот http://www.reagiraj-odma-bidi-bezbedna-vednash-pod-itno…. уште полесен ќе беше за памтење. :D

    1. Луѓето од UNDP кои се иницијатори го сакаа домејнот, не го биравме ние. Не ни беше по ќеиф ама мораше така :) Наше беше само тоа реагирај ама ете :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии