„Ready, set, grow! – тема на Четвртата годишна конференција за е-трговија

Ова е гостински текст на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, тие се и организатори на настанот.


Под мотото „Ready, set, grow!” на 12 ноември 2021 година (петок) по четврти пат ќе се одржи годишната конференција за е-трговија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Конференцијата годинава ќе се одржи во хибриден формат, односно учесниците ќе имаат можност да одберат дали преферираат учество на конференцијата со физичко присуство, со следење на сите актуелни протоколи против ширење на пандемијата, или пак да ја следат конференцијата преку интернет, од удобноста на својот дом или на работно место. Организаторите, како и претходните години, најавуваат висококвалитетна програма исполнета со бројни истакнати меѓународни и домашни говорници кои преку предавања, панел дискусии и неформални разговори ќе ги пренесат своите експертизи и искуства од областа на е-трговијата, дигитализацијата и дигиталниот маркетинг.

Главниот акцент оваа година ќе биде ставен на можностите за раст на бизнисите во е-трговија, по многубројните адаптации што беа направени речиси во сите сфери на работењето, како одговор на глобалната пандемија.

За време на конференцијата, говорниците ќе презентираат практични стратегии што најголемите бизниси, вклучувајќи ги и нивните, ги користат за раст и зголемен профит во овие непредвидливи времиња. Сеопфатната и внимателно креирана програма оваа година ќе вклучи пет главни теми: дигитализација и дигитална нација, ковид-19 влијанието врз е-трговијата, безбедност на е-плаќањата, довербата и легислативата, трендовите во дигитален маркетинг, како и улогата на жените и родовата еднаквост во дигиталниот свет.

– „Tемата на годинашната конференција „Ready. Set. Grow!” е инспирирана од забрзаното темпо наметнато од Ковид пандемијата, на кое компаниите успеаја да се адаптираат преку воведување на е-трговија и имплементирање на нови алатки кои им овозможија да го амортизираат ударот, а некои и да остварат раст. Како резултат на тоа, денес компаниите се поподготвени (ready) и позиционирани (set) за забрзан раст на онлајн продажбите (grow). Така, агендата оваа година ја следи темата прилагодена на денешната состојба и потреби на компаниите.” – изјави Нина Ангеловска, претседател на АЕТМ.

Инаку, минатата година конференцијата се одржа во онлајн формат. Беа присутни повеќе од 350 учесници од 150 компании, организации, универзитети и владини институции од земјата и од регионот, а свои презентации имаа 30 говорници од 10 земји.  

„Early Bird“ картите за оваа година веќе се пуштени во продажба по специјална цена од 119 евра за физичко присуство и 39 евра за онлајн следење на конференцијата.

Повеќе информации за картите и сите останати детали поврзани со конференцијата се достапни на: https://ecommerceconference.mk/ 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии