Развојот на е-општеството е приоритет, вели претседателот Иванов

„Во хиперповрзаниот свет, свет на економии, базирани на знаењето, на толеранцијата, талентот и технологиите, нема мали земји. И токму тоа е развојот кон кој треба да се стремиме.“ вели г. Иванов во говор, пренесен од MIA, на конференција на хрватската CARNet мрежа што се одржува во Сплит.

„Република Македонија е посветена во намерата овие текови на знаење, информации и интеракција, да ги користи како клучен елемент на нашата интеграција во просторот во кој природно припаѓаме – во европското семејство на држави.“ вели тој споменувајќи ги проектите: е-Влада, Компјутер за секое дете, бесплатни интернет клубови и Wi-Fi во руралните средини како тековни проекти.

За претседателот „се уште има многу работа“, потребни се уште инвестиции за тие проекти целосно да заживеат, и, интересно, спомена дека „треба да ги храбриме нашите граѓани да ја користат технологијата.“

„Нашата информатичко – комуникациска инфраструктура се уште треба да се развива. Треба да ги храбриме нашите граѓани да ја користат технологијата. Во Македонија, земја која уште се соочува со економски предизвици, понекогаш не е лесно да се истакне важноста на стратешките инвестиции во информатичко – комуникациските технологии, на инвестирањето во алатки потребни за влез во иднината. Но предизвиците се само уште една причина повеќе за да уште бидеме посветени на спроведувањето на нашата цел.“

Инаку, развојот на ИКТ во Македонија доби позитивна оценка во извештајот на Европската комисија, но како и претседателот во својот говор, така и Комисијата вели дека треба уште работа да се дојде до соодветното ниво.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии