Развој на сајбер криминалот

IT.mk редакција

во Статии

{mosimage}Компјутерите и интернетот во денешницата ни овозможуваат да извршуваме голем број на активности на многу лесен и едноставен начин и навистина ни ги олеснуваат животот и работата во голема мера. Но, како што секогаш одат работите – каде има бело, таму мора да има и црно. Компјутерите и глобалната мрежа исто така им ги олеснија и активностите на криминалците, кои се повеќе своето време го поминуваат седејќи на компјутерите и ја развиваат следната генерација на криминал – сајбер криминал.

Распостранетата употреба на интернетот и информатичката технологија овозможи полесно да се извршуваат манипулации, измами, нарушувања на авторски права, индустриски шпионажи, кражби, дистрибуција на детска порнографија и други вакви нелегални активности. Неовластеното навлегување во компјутерски системи или популарно наречено хакерство, претставува една нова категорија која вклучува поголем број на илегални активности – од мали "шегувања" до огромни кражби и исклучувања на важни сервери и услуги од кои во некои случаи и нечии животи зависат.

При првичната појава на криминалците на интернет мрежата која беше планирана само за истражувања, соработки и наука се створи огромна паника кај луѓето. Иаку никој со сигурност не го предвидуваше развојот на сајбер криминалот, сепак дојде некако очекувано… Компјутерите се алатки, како што се и телефоните и автомобилите. Кога се појавија телефоните, по нивното распространување и криминалците почнаа да ги користат во голема мера. Кога се појавија колите, криминалците ги оставија своите коњи и започнаа да ги користат автомобилите како превозни средства за да избегаат побрзо од местото на злосторот.

Иаку нереално за многумина, нелегалните активности од сајбер криминалот причинуваат повеќе штета од нелегалните активности на физичкиот криминал. Според голем број на статистики спроведени од разни институти и организации, проценето е дека просечната штета на компјутерска измама е 150,000 американски долари, додека просечната штета на физичките кражби изнесува само околу 10,000 американски долари. Оваа статистика е објаснета со примерот дека кога сајбер криминалец ќе направи измама и ќе добие пристап до кредитни картички, има поголем пристап до средства отколку криминалец кој ќе украде паричник. Крадците на идентитети можат да наштетат многу серизно нечиј живот, во некои случаи и целосно да го уништат идентитетот на некого. Преку сајбер криминалот терористите можат да исклучат електрични и комуникациски системи на критична инфраструктура. И покрај сето ова, сајбер криминалот не е сериозно сфатен од многу луѓе… се додека не станат негови жртви.

Оние кои го разбираат негативниот потенцијал на сајбер криминалот се залагаат за негова превентива. Со цел заштита и превенција од нелегалните дигитални активности беа развиени нови системи за превенција и детекција на сајбер криминални активности, беа создадени специјални одреди кои ќе го истражуваат сајбер криминалот, иаку истите, заради проблеми со анонимноста и човечките права се соочуваат со регуларни оптужувања за нарушување на приватноста.

Но еден од поголемите проблеми зошто превецијата на сајбер криминалот не е толку ефективна и проширена е бидејќи имплементацијата на заштитни системи е навистина скапа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии