Разубавете го вашиот дом со апликацијата Right Plants

Пролетта доаѓа, а со неа и релаксирачкото уредување на градината. Во случај да ви дозволуваат условите, можеби и не е лошо да се припремите за разубавување на вашиот дом.

Right Plants е апликација која би требало да ја елиминира потребата за макотрпно листање низ бројни енциклопедии кои специјализираат во градинарството. Имено, она што добивате е пренослива датабаза со бројни податоци за над 5000 билки, грмушки и цвеќиња. Ќе најдете корисни упатсва за нивно препознавање, како и бројни совети за нивно одгледување.

Најинтересно од сè, можете да создадете ваша лична виртуелна градина и да ги „засадите“ во неа сите билки кои веќе ги имате. Паралелно со ова, можете да управувате со листи од билки кои сакате да си ги купите во иднина, како и да вметнувате најразлични белешки за одредени билки.

Седете дома и садите со апликацијата Right Plants за Android, или iOS! Уживајте! <3

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии