Разочарување и тага! Интернетoт не е задоволен што Facebook го купи Oculus Rift

По аквизицијата на Oculus Rift VR сет, кој нема баш многу заедничко со друштвената мрежа, речиси сите размислуваа дали воопшо Facebook има начин да го искористи Oculus на својата платформа. Доколку акцвизицијата на Oculus дојдеше од Steam ќе беше прифатена како најобична работа, за Google или Apple ќе пишувавме дека имаат сериозна намера да го револуционизираат гејмингот, но кога е во прашање Facebook речиси сите сме зачудени. Главната причина за ова е што можеби ова е прва ваква аквизиција на друштвената мрежа, која иако трошеше многу како во случај со Instagram или WhatsApp, секој пат аквизициите беа поврзани со мобилната платформа.

„Имаме уште многу работа за мобилната платформа, но сега лувствуваме дека сме во позиција кога можеме да се фокусираме на платформи каде ќе може да оствариме покорисно, позабавно и лично искуство…“, вели Марк Закерберг. „Ќе се фокусираме да му помогнеме на Oculus да го креира својот продукт и да развие партнерства за поддршка на повеќе игри. Oculus ќе продолжи да функционира независно во Facebook за да го оствари ова.“

Купувањето на Oculus е слично на аквизицијата на Nest од страна на Google, со која размислува на иднината во која сите уреди ќе бидат меќусебно поврзани. Facebook секако не го купи Oculus за да ни понуди 3Д Farmville, Candy Crunch Saga или некоја слична игра. Според најавите основачот на Facebook сака да ни понуди преноси на натпревари од прв ред во живо, на пример пренос на финалето на Светското првенство во фудбал во живо, но и директно од Маракана. За жал ова е засега прилично далеку од реалноста, но можеби ќе може да се оствари во следните десетина години.

Но, и покрај покажувањето на добрите намери дека Oculus ќе остане независен – Facebook си остана на зборот за независноста на Instagram и WhatsApp – сепак не се сите среќни за тоа дека иднината на виртуелната реалност е во рацете на Facebook. Посебно не Хитлер.

[youtube]C_JfB4YEan4[/youtube]

Првиот кој го искажа својот револт што Facebook го купи Oculus е креатор на Minecraft, Маркус Notch Персон, кој рече дека ќе ја повлеќе верзијата на своја култна игра за Oculus Rift.

„Јас дефинитивно ќе бидат дел од виртуелната реалност, но нема да работам со Facebook“, вели Notch. „Нивните мотиви се нејасни и се променуваат, и тие немаат историска поткрепа дека се стабилна платформа. Немало ништо кај нив што ме тера да им верувам, и тоа мене ми е страшно“.

Ниту заедницата на Kickstarter која го поддржа Oculus од самиот почеток – не треба да се заборави дека над 9.500 луѓе донираа околу 2,5 милиони долари за да се развие Oculus Rift сетот – не е задоволна како две-годишната компанија ја предаде својата технологија, една од најреволуционерните во моментот, на Facebook кој не се истакнува со иновативни продукти. Разочарувањето на заедницата е поголемо бидејќи инвестираа во продукт за Facebook, а не на независна технологија која ги инспирираше.

„Ужасна идеја. Лут сум на идејата дека оваа одлична заедница го краудсорсира FAcebook. Наивно е да веруваме дека ќе ја задржите целосната контрола врз Oculus и Rift-от“, пиша корисникот Xod на Kickstarter. „Срам да ти е Палмер“.

Основачот на Oculus, Палмер Лаки, се обиде на Reddit да одговори на сите критики велејќи дека со помошта на Facebook, Oculus може да биде само подобар. Но, 21-годишниниот основач додаде и дека ги разбира корисниците и дека „да сум јас на вашето место и јас би бил разочаран“, и повторно додаде дека Oculus сега ќе има поголема слобода да продолжи со работата бидејќи нема да се замараат со краткорочното опстојување, туку ќе размислуваат за иднината. Засега, иднината на Oculus Rift изгледа како во пародијата на Futurama.

1 коментар на “Разочарување и тага! Интернетoт не е задоволен што Facebook го купи Oculus Rift

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии