Разговарајте со Google преку Conversational Search на најновиот Chrome

Најновиот Chrome доби опција да разговарате со Google за да ви најде точни резултати. Ваквото гласовно пребарување е веќе додадено на мобилниот Android и iOS преку Google Search апликацијата, но сега доаѓа и на декстоп. Conversational search ќе треба да го замени досегашното гласовно пребарување, и наместо диктирање на термини за пребарување, ќе може да му поставувате контекстуални прашања на Google.

Google ќе го следи контекстот на прашањата, така да штом започнете разговор со изговарање на командата „OK, Google”, ќе може да поставувате прашање по прашање за одредена тема. Пример, првото прашање може да биде „Какo да стигнам до Скопје“, а потоа, откако ќе добиете резултати, ќе може да прашате „а какво е времето таму?”. Одговорот секако ќе биде поврзан со контекстуалната локација, односно со Скопје. Бидејќи Google ви ја знае локацијата, ќе може да прашате и само „какво е времето денес“ и Google ќе даде резултати за времето на локацијата каде се наоѓате. Тоа што е интересно е што резултатите ќе ви бидат прикажувани како картички какви што има Google Now (достапен за Android, но не и за македонскиоте iOS корисници).

За жал, разговорите со Google ќе може да ги водите само на англиски јазик. Conversational Search ќе биде наскоро достапен за сите корисници на најновата v.27 верзија на Chrome.

[youtube]RH0pYhKTvuc[/youtube]

1 коментар на “Разговарајте со Google преку Conversational Search на најновиот Chrome

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии