Дружете се со астронаутите од Интернационалната вселенската станица преку Google+ Hangout

NASA најави јавно Google+ Hangout дружење со астронаутите од Интернационалната вселенска станица на 22 февруари од 17 до 18 часот според македонско време. Астронаутите Кевин Форд, Том Маршбурн и Крис Хадфилд ќе одговараат на прашања поставени од корисниците преку видео во живо на Google+ профилот на NASA.

Но, за да може да ви одговорат астронаутите, ќе треба првин да ви биде одобрено прашањето. Треба да закачите YouTube видео од 30 секунди со прашањето до астронаутите најдоцна до 12 февруари. Видеото, или прашањата поставени преку Twitter, Facebook страната или Google+, ќе треба да го тагирате со #askAstro. Не се сомневам дека прашањата за престојот и работата на астронаутите ќе бидат интересни и забавни, но одговорите сигурно ќе бидат уште пофасцинантни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии