Разговарајте на телефон преку Gmail

Иако опцијава е достапна во моментот само за американските корисници, ние ја видовме на еден наш Gmail профил. Се чини дека ако се сетира јазикот на Gmail во „Еnglish US” ќе ја видите оваа опција во вашиот Gmail. Опцијата се појавува како зелени копчиња (потребен е микрофон и камера) покрај листата со контакти во долниот дел, по нивно кликање се инсталира мал плагин и ви се појавува интерфејс за вртење на телефон.

Телефонските повици преку Gmail се наплаќаат. Телефонските разговори до САД и Канада ќе бидат бесплатни до крајов на годинава, додека до Македонија повик на фиксен е 0.13 долари или 6 денари по минута, а на мобилен 15 денари по минута.

Интересно ќе биде ракцијата на Skype кому Google му станува директен конкурент. Skype вели дека има околу 500 милиони корисници, Gmail има околу 200 милиони. Но според Skype само 8 милиони корисници плаќаат за телефонски разговори преку Skype.

И Google и Skype се блиску според цените, зависи во која земја се врти. Секако Skype има мала предност бидејќи е достапен ширум светот + повиците до Македонија се поефтини т.е 12 денари по минута за мобилен, но разликата е мала и Google најави дека оваа опција ќе биде достапна и за останатите земји наскоро.

3 коментари на “Разговарајте на телефон преку Gmail

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии