Претворете го вашиот Facebook Timeline во видео

Facebook во соработка со Definition6 овозможи да се прават видео презентации на вашата активност на друштвената мрежа уште од вашето онлајн „раѓање“. Ова процедурално видео интегрира информации што се овозможени за прегледување од вашиот профил и ги склопува во динамична презентација исполнета со содржини како слики и фотографии, прелетувајки низ свежиот Timeline неодамна овозможен за сите корисници на Facebook.

Одкако ќе и дозволите пристап на апликацијата Timeline Movie Maker да може да жнее информации од вашиот профил, после неколку алгоритмизирани селекции по важност и временска поставеност, ќе ви се прикаже целото видео кое трае релативно кратко. Потоа ќе ви се понудат неколку опции за селектирање на видот на музика што ќе ја придружува вашата презентација и можност за промена на фотографиите што автоматски се избрани.

Кога Facebook го презентираше Timeline, Закерберг јасно ја нагласи намерата паметно да се искористат заборавените информации, слики, статуси од минатото. Покрај поедноставување на начинот со кој пристапуваме кон старите информации на Facebook ѕидот, апликацијата Timeline Movie Maker е одличен втор чекор кон постигнување на оваа цел.

Нормално затоа што се работи за апликација создадена во соработка со Facebook, сите можности за споделување на вашиот профил ви стојат на располагање, иако сè уште не може да се експортира видеото надвор од Facebook.

[youtube]px9k4hX0oLY[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии