Razer работи на футуристичка маска со N95 заштита, RGB и гласовна проекција

Кoга веќе маските стануваат дел од нашето секојдневие зошто да не се револуционерни во нивното користење? Ова е прашање кое мора да било поставено од Razer затоа што нивната маска се истакнува како најпаметната во целиот свет. Дизајнот останува дискутабилен.

Project Hazel - maska ochronna ze wzmacniaczem dźwięku oraz podświetleniem  RGB - Nowe technologie w INTERIA.PL

Project Hazel е нов N95 расприратор за повеќекратна употреба. Маската се одликува со стратешко поставени вентилатори кои го филтрираат воздухот кој го внесувате. Микрофони и звучници го пренесуваат вашиот глас преку маската за да се слушате убаво, а RGB се задолжени за осветлување на лицето во темни простори.

Иако Razеr го нарекуваат Project Hazel хирушки N95 сеуште ги немаат потребните административни одобрувања и сертификати, но постојано работат со тим од експерти и научници. Маската е способна да филтрира 95% од воздушните честички, неисклучувајќи ги и вирусите како COVID-19 и други патогени. Мобилната апликација, пак, ве известува за тоа колку се полни клучните елементи од маската, како вентилаторите. За јасно проектирање на вашиот глас преку микрофони и звучници се задолжени искусни THX инженери. Chroma RGB LED го осветлува вашето лице за да останатите учесници во разговорот убаво ги регистрираат вашите црти на лицето и во слабо осветлени простории. Посебна кутија за полнење ќе ја стерилизира маската со УВ светлина.

Razer made a mask with RGB lighting and a crazy gaming chair

Би купиле ваква маска или и ви делува премногу чудна? Кажете нѝ во коментарите!

1 коментар на “Razer работи на футуристичка маска со N95 заштита, RGB и гласовна проекција

  1. Да би купила ми изгледа многу ефикасна : 95% го филтрира воздухот што го дишиме , за повеќекратна употреба е и има можност да се стерелизира .

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии