Razer најави луксузен гејминг телефон

Razer без сомневање е еден од производителите на гејминг додатоци кои се најквалитетни и најиздржливи. Сепак новиот додаток на листата производи најверојатно ќе ве изненади. Компанијата го претстави Razer Phone, првиот гејминг телефон за кој сме слушнале.

Можеби подобар опис на уредот е рачна гејминг конзола со оглед на хардверот што Razer го ставил во уредот. Телефонот доаѓа со: 5.7 инчен екран со 1.440р резолуција и 120Hz; последниот процесор на Qualcomm, Snapdragon 835; 8 GB RAM; 64 GB флеш диск; батерија од 4.000 mAh. Телефонот доаѓа со две 12 MР камери.

Razer Phone доаѓа со Android 7.1.1, но ќе биде надграден на Oreo. Уредот ќе биде достапен на 17 ноември, а ќе чини 700 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии