Razer го потврди својот Windows 8 таблет компјутер со гејминг контролери

Компанијата која е позната пред се по своите гејминг глувчиња, тастатури и лаптопи, Razer, потврди дека дефинитивно Project Fiona ќе биде во производство. Вообичаено кога станува збор за Razer, карактеристиките на уредот се импресивни, но и цената на нивните уреди е прилично висока.

Иако веќе не е екслузивитет, таблет компјутерот на Razer доаѓа со интегриран контролер и 10,1-инчен екран на допир со резолуција од 1280х800. Таблетот е со четири јадрен i7 Ivy Bridge процесор, Dolby 7.1, 250 до 500 GB SSD, 4-8 GB DDR3, WiFi и Bluetooth конективност, и има Force Feedback „технологија“.

[youtube]MhPaU3TPG2Y[/youtube]

Уште поважно таблет компјутерот ќе ги поддржува сите PC игри што навистина е голем број на содржини достапни на мобилен гејминг уред. Assassins Creed, Skyrim, Minecraft, Rift, Company of Heroes ќе бидат достапни уште од првиот ден. Ова би требало да значи на таблетот ќе можат да се играат сите видови на игри од аркадни, преку стратегии, па дури и MMORPG.

Со оглед на тоа дека глувчињата и тастатурите на Razer се над 100 долари, цената од 1.000 долари за гејминг таблет со i7 Ivy Bridge процесор, сепак е очекувана.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии