Raspberry PI B+ е нова, подобрена верзија на мини-компјутерот

Мини-компјутерот Raspberry PI доби нова подобра верзија која е поекномична кога е енергијата во прашања, и доаѓа со куп други надградби. Raspberry PI B+ доаѓа со уште две USB портови, бидејќи двете основни не беа доволни откако корисникот ќе ги приклучеше глувчето и тастатурата, а дополнителните две порти овозможуваат дополнителни приклучоци, на пример за хард-диск. На General Purpose I/O (GPIO) портот се додадени дополнителни 14 пина и сега е проширена на 40 пина, пред се на барање на корисниците, што овозможуваат најразлични нови функции на уредот. На пример, новите пинови можат да се искористат за DPI или SLI протокол за комуникација со дисплеј.

Напојувањето на B+ е исто така подобрено, па сега доаѓа со подобра регулација на напон и различни напонски и струјни нивоа, што овозможува напојување на најразлични компоненти кои се приклучуваат директно на мини-компјутерот, а притоа не се нарушува стабилноста на Raspberry Pi, што со претходниот модел не е случај, вели Linux voice.

Променет е и аудио излезот од кој корисниците претходно не беа презадоволни. Прична за ова е напојувањето кое во претходниот случај беше споделувано со повеќе компоненти на плочката па доаѓаше до треперење на напонот и неквалитетен звук, иако ниту сега квалитетот на аудиото нема да биде причина за купување на уредот. Подобрувањата на Raspberry Pi се направени пред се на барање на корисниците, но и под притисок на конкуренцијата Hummingboard или Android MK802 mini PC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии