Ralph Lauren тестира паметни маици кои ja следат работата на срцето и потрошените калории

Ralph Lauren ќе ги тестира своите паметни маици на тенискиот турнир US Open кој започна во понеделник. Маиците се креирани со технологијата на канадскиот стартап OMSignal, a дизајнот доаѓа од Ralph Lauren. Технологијата на OMSignal овозможува следење на работата на срцето, дишењето, волуменот на воздух во белите дробови, бројот на чекори, потрошени калории, интензитет на вежбите и пулсот, преку сензорите кои се вградени во паметната маица, а отчитувањата се следат преку паметен телефон.

Доколку се понадевавте дека ќе можете да видите фитнес податоците на Федерер, Ѓоковиќ, Серена Вилијамс или кој веќе и да е вашиот омилен тенисер, ќе бидете разочарани. Барем во оваа фаза на тестовите, паметните маици од Ralph Lauren ќе ги ностат помошниците кои помагаат со тениските топчиња. Според најавата, Ralph Lauren ќе ги објави анонимизираните фитнес резултати од тестовите. Надвор од официјалните натпревари маииците ги тестира и тенисерот Маркос Жиро.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии