Raining Blobs e македонска игра инспирирана од јапонски сложувалки

Raining Blobs започна како Windows Phone апликација, но Енди Милојкоски, кој „во принцип не сака мобилни игри“, ја редизајнираше од нула во десктоп верзија. Причината е гејмплејот кој на мобилните телефони е ограничен заради екранот на допир, а Raining Blobs е наменета за хардкор гејмерите да ја играат „супер брзо и да може сите копчиња на тастатурата да се притискаат“.

Инспирацијата за Raining Blobs доаѓа од јапонските аркадни сложувалки како Puyo Puyo и Super Puzzle Fighter 2, вели Енди, а во Јапонија има турнири за вакви игри наменети за хардкорд гејмерите. Можеби затоа Steam Greenlight е одлична платформа да се добие фидбек од посветени гејмери и фанови на сложувалките. Веќе има околу 84 коментари на страната на Steam, добар дел позитивни, кои гласаат дали Raining Blobs да биде објавена на Steam. Steam е платформа за дистрибуирање на над 3.000 видеоигри од разни студија и независни издавачи, кои се играни и купувани од 75 милони гејмери.

„Знам дека влегувањето [во Steam] е потешко, но ако не пробам нема да знам, а веќе голем број на корисници се заинтересираа за играта и ме следат“, вели Енди кој доби одличен фидбек за да разбере што му недостасува со играта. „Можеби направив мала грешка што ја статив играта со привремени, многу полоши слики од тоа што го гледате сега, и затоа добив многу негативни реакции, но работите се менуваат откако направив апдејт“.

[youtube]qXJgaO8Ju_g[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии