Raining Blobs е втората македонска игра која ќе се продава на Steam

Raining Blobs, јапонската сложувалка на Енди Мијолкоски, ќе и се придружи на Excubitor од Tesseract Interactive на Steam. Играта се најде на „виртуелните полици“ за продажба откако беше изгласана како добра игра од гејминг заедницата на Steam Greenlight, каде имаше над 130 коментари, поголем дел позитивни критики.

Raining Blobs е сложувалката со кул јапонски дизајн нуди многу повеќе од едноставен гејмплеј што може да се има на екран на допир. Наменета е за сериозни играчи, бара брзи реакции и до шест противници кои пред себе имаат вистински предизвик. Затоа и беше целосно редизајнирана за вистинските гејмери, и е достапна за PC, Мac и Linux.

Играта иако е достапна да се симне од други места, нема да биде достапна во продажба на Steam се додека Енди не ја дотера. „Ќе потрае уште малку пред да ја пуштам на продажба на Steam, сакам се да биде совршено. Треба да додадам achievements и story mode и најверојатно некоја Steam интеграција“, вели Енди. Надградувањето на играта е важно бидејќи на Steam играта ќе биде пред 125-те милиони гејмери. Најголемата дигитална продавница за видео игри сега брои над 4.500 игри, меѓу нив и двете македонски.

Играта моментално се продава за 6 долари (350 денари) на Indie Game Stand, каде ја симнаа 450 играчи додека беше на промоција, и на itch.io каде е симната 15 пати.

2 коментари на “Raining Blobs е втората македонска игра која ќе се продава на Steam

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии