Rainbow Six Siege ќе биде бесплатна за играње од 15 до 20 февруари

Со приближување на првата сезона од третата година, Rainbow Six Siege ќе дозволи бесплатен престој на сите заинтересирани гејмери. Тактичкиот шутер на Ubisoft ќе биде бесплатен преку клиентот Uplay. PC гејмерите ќе можат да ја проверат играта од 15 до 18 февруари, додека Xbox One играчите ќе можат да ја играат играта од 15 до 19 февруари. Највеќе добиваат сопствениците на PS4 затоа што тие ќе можат да се дружат со Rainbow Six Siege цели пет дена, и тоа од 15 до 20 февруари.

Играчите кои ќе решат да ја купат играта ќе можат целосно да го префрлат напредокот од бесплатниот пробен период. Имајте во предвид дека Ubisoft најави планови да ја зголеми цената на Rainbow Six Siege. Цената на стандардната едиција ќе остане иста, но останатите едиции со новите цени ќе стапат на сила од 13.февруари.

Инаку, првата сезона од третата година е насловена Operation Chimera и ќе се појави на PC серверот за тестирање веќе од 19.февруари. На сите платформи, меѓутоа, ќе излезе на 6.март. Во меѓувреме, почнувајќи од 20.февруари, на PC серверот за тестирање ќе може да се игра нов ко-оп мод – Outbreak. Овој ко-оп мод ќе се овозможи за тестирање на сите други платформи од 6.март до 3.април.

Повеќе информации за Operation Chimera и Outbreak се очекуваат за време на Six Invitational финалето, од 16 до 18 февруари.

1 коментар на “Rainbow Six Siege ќе биде бесплатна за играње од 15 до 20 февруари

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии