Николина Спирковска, Јасна Тренгоска и Јованка Гуличоска се горди што се програмерки. Ангажирани во различни компании и проекти, овие три програмерки се здружуваат за заедничка цел – да мотивираат што е можно повеќе девојки да се вклучат во доминираната-од-мажи ИТ индустријата преку бесплатната дво-дневна работилница Rails Girls Skopje. На настанот, дел од глобалната заедница, учесничките ќе се запознаваат со основните принципи на програмирање со програмскиот јазик Ruby и платформата Rails.

„Како дел од локалната и глобалната слободен софтвер заедница, имам можност да запознаам девојки за кои што можам да кажам дека се навистина одлични во она што го работат. Некои од нив одржуваат или започнале проекти како дел од некој голем слободен софтвер проект. Сите тие се пример дека девојките навистина можат да бидат одлични програмери и да бидат успешни“, вели Јованка.

Сите три девојки имаат различно работно искуство како програмерки во ИТ средина доминирана од мажите. Но, интересно е тоа искуство е попозитивно во Македонија, додека во САД може да се забележи половата дискриминација. Јованка и Јасна, двете ангажирани во Македонија, велат дека секогаш имаат позитивно искуство и дека „се повеќе не има, па реално во Македонија станува понормално дека и девојките можат и го работат тоа“.

„Досега не сум била дискриминирана, ниту пак сум била сведок на таква ситуација. Сум учествувала или била дел од организација на повеќе настани и наптревари за програмирање, дефинитивно според бројот на учесници, машкиот пол е позастапен, меѓутоа тоа не значи дека ако се појави некоја девојка нема да биде прифатена како професионалец со подеднакви способности“, вели Јасна.

Но, за Николина, која работи во Чикаго, дискриминацијата на девојките во ИТ средина е „суптилна“ и реална. Во непредвидливата ИТ индустрија сè уште има притисок врз жената кога треба да избира кариера или семејство.

„Најчесто се манифестираат преку непристојни и неприкладни коментари на работни состаноци / конференции / секојдневни ситуации; преку прашања кои интервјуерите им ги поставуваат на кандидатките за време на интервјуто за работа (на пример дали планираат да стапат во брак/имаат деца наскоро); Некои компании не нудат доволно флексибилни услови за работа, и на тој начин жените во ИТ се ставени во позиција да направат избор помеѓу градење кариера наспроти градење семејство итн…“

(Eве како изгледаше Rails Girls Berlin)

[youtube]EEcFdK_qga8[/youtube]

Девојките сепак се сложуваат дека полот воопшто не игра улога. Тоа што е поважно е да се додаде вредност на тимот и кон компанијата. Во ИТ индустријата има бројни успешни примери на девојки кои успеале како прогрмери, па зошто да постои ограничувањето според полот? На светската сцена има позитивни примери за девојки кои успеаја, како на пример Мариса Маер, поранешен директор на Google, која сега го води и ребрендира Yahoo. Според Николина, тоа што е проблем за девојките е што самите не веруваат дека можат да успеат во машки-доминантна средина.

„Работа во ИТ секогаш има, без оглед на полот и локацијата. Постои голема конкуренција и свесна сум дека е потребна голема истрајност, но за мене најтешкиот дел не беше да ги убедам другите, туку да се убедам самата себе дека тоа е професија за мене“

И Јасна вели дека на девојките не им фалат вештини бидејќи тие се стекнуваат со работа, ниту пак креативност бидејќи жените можат да допринесат со нови идеи. Тоа што фали е мотивицијата да се биде програмер.

„Сметам дека генерално во Македонија треба да се засилат иницијативите за поддршка и мотивација на младите девојки (особено од средните училишта) за да се охрабрат, доколку тоа е избор на нивна идна професија, да го направат тоа и да го гледаат како било која друга професија, а не како професија во која успева само машката популација“.

Работилницата Rails Girls Skopje е закажана за 11-ти и 12-ти април, а регистрацијата е отворена за сите девојки кои сакаат да научат да програмираат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии