Викендот е пред нас, а доколку сеуште се мислите со каква ААА пукачка игра да се дружите, упатете се кон Epic Store и зграпчете ја сосема солидната Rage 2.
Играта е достапна на Xbox Game Pass корисниците нешто повеќе од половина година, а сега конечно можат и сите останати да ја проверат без да потрошат денар. Според нас, Rage 2 успеа феноменално да се надоврзе на првата игра и иако немавме што да правиме во огромниот отворен свет по завршување на кампањата, патувањето кое не доведе до таму беше повеќе од впечатливо.
A ако RAGE 2 плени со раскошен и огромен свет, Absolute Drift ветува да ве освои со преубав минималистички свет каде се тркате низ најразлични планински патишта и работите кон станување апсолутен мајстор за „фаќање кривини“.
И Rage 2 и Absolute Drift ќе бидат бесплатни за преземање до 25 февруари. Веднаш по нив, ќе стапи на сила одличната Sunless Sea!