Радости! Google Play Music пристигна во Македонија

(Фала до Александар Ниневски за линкот)

Сервисот за стримање музика на Google сега е достапен и во Македонија. Преку Play Music, достапен преку десктоп, Android и iOS, ќе може да купувате музика или да си закачите до 20.000 песни на облакот на Google за да може да ги слушате офлајн. За Македонија и другите источно-европски земји е активирана и Play Music All Access услугата со која за 5 долари месечно може да слушате музика колку сакате on demand, или да си направите свои радио станици. Тоа што е можеби најважно е што Google Play Music е првиот од популарните стриминг музички сервиси кои се достапен во Македонија. Spotify, Rdio, Songza и други не се достапни во Македонија, што е штета, но се надеваме дека Google Play Music ќе ги отвори вратите и за другите. Со Play Music, пристигна и Google Play Movies, но не му се толку радуваме на сервисот за изнајмување и купување на филмови.

За да ја користите Google Play Music, ќе треба да се логирате првин на вашиот Google профил. Одберете дали сакате претплата или Standard користењето за кое не се наплаќа, иако Google ќе ви побара валидна платежна картичка за верификација. Штом ќе се логирате, ќе може да си закачите музика на серверите на Google. Потоа симнете си ја мобилната апликација за iOS и Android и слушајте си музика каде сакате.

[youtube]NI8rQEHoE24[/youtube]

11 коментари на “Радости! Google Play Music пристигна во Македонија

  1. Го користев сервисов 1 месец и се префрлив на Spotify поради поголемата колекција.

    Од муабетот со неколку пријатели, сфаќам дека уште не се навикнати да плаќаат месечно за музика. Што е и нормално, покрај PirateBay.

    После многу време утепано на барање торенти и топ листи, можам да кажам дека вреди за парите ако слушате музика секојдневно. Со 320kbit стрим, си повлекува и добри слушалки/звучници за врвен квалитет.

  2. Ништо посебно. Амазон, Ајтунс и многу други музички продавници биле достапни во Македонија од памти век, радости… ви се чудам на паметот.

    1. Зошто се чудиш? Затоа што нема мобилен стриминг сервис во Македонија заради, претпоставувам, авторски лиценци, мал пазар и други ограничувања? Нема место за цинизам „од памти век“ тука. :)

      Што се однесува до радостите, Play Music лично не ми е толку важен, но се надевам ќе ги привлече и Spotify да влезат во Македонија.

      1. Исто и амазон прajм сервисот за филмови и музика не работи во Македонија, така што нема што да се чудиш.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии