Радио МОФ – младинска, културна и креативна заедница

Радиото ќе емитува и музички емисии и информативни програми. Нивната целна публика се сите млади луѓе кои сакаат да бидат информирани за информирани за статусот на младите во општеството и кои сакаат негово подобрување. МОФ сеуште ја развиваат својата програма. Музичките емисии се разновидни и се повеќе млади креативци се приклучуваат на оваа иницијатива. Нивните информативни програми се со модерни содржини кои опфаќаат теми кои вистински ја засегаат младата публика. Сите програми и активности се изведени од млади автори.

Зошто Младинскиот образовен форум се одлучи баш за онлајн радио како медиум да допре до младата генерација?
Поведени од фактот дека е ограничен просторот во кој младите можат да се изразат, креираме медиум кој е отворена станица за промоција на младинската, културната и креативната заедница. Гласот на младите многу ретко се пренесува преку традиционалните медиуми, што не кореспондира со нивните активности на теренот, што би рекло младински активности постојат, но ограничени се можностите за нивна промоција. Затоа, креираме нов медиум, достапен исклучиво во слободниот интернет простор, кој младите го користат како секојдневна дестинација за информирање и споделување лични и групни ставови.

И која е вашата долгорочна цел?
Радио МОФ ќе се стреми кон самоодржливост и развој, преку постојана комуникација со корисниците, едукација и обука на млади кадри за употребата на новите медиуми и за развој на граѓанско новинарство, како и преку обезбедување поддршка од сите заинтересирани радио и онјлајн активисти, волонтери и други заинтересирани субјекти. Долгорочно, тимот на Радио МОФ ќе го проширува опсегот на програмски содржини преку продукција и споделување на вирални видеа и други форми на електронски и дигитални содржини.

За да го слушате радио МОФ на Android, симнете Shoutcast Client, а за iPhone симнете Shoutcast Radio, а потоа превземете го овој фајл.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии