Првиот ваков експеримент на Radiohead беше објавување на In Rainbows албум на нивниот сајт во 2007 година. Албумот беше достапен за симнување и чинеше од 45 пени(околу 30 денари) до колку што сакаш. Мора да се каже дека тој ексеримент заврши успешно. In Rainbows беше симнат над 1 милион пати, а се проценува дека просечно луѓето плаќале од 5 до 8 долари за албумот. Тоа води од 4 до 8 милиони долари профит за само 3 месеци бидејќи албумот беше тргнат од сајтот по првите три месеци, а потоа продаван за пари.

Поентата на Radiohead е што тие не се врзани со дикографска куќа, па искористувајќи го интернетот како промотивна алатка им го донесе целиот профит од In Rainbows. Додатно со профитот, дојдоа и
довербата и лојалноста на фановите кон бендот, поголемата популарност и заработката од концертите.

Сега со новата „These are my twisted words", бендот оди еден чекор понатаму објавувајќи ја бесплатно, но повторно ако сакате можете да платите колку што мислите.

Песната можете да ја симнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии