Работниците сепак имаат право на приватност, Европскиот суд за човекови права ја промени својата одлука

Работникот има право на приватност на своето работно место, а Романецот Богдан Барбулески не смееше да биде отпуштен. Со ова Големиот судски совет во Европскиот суд за човекови права ја промени претхода судска одлука по жалбата на г. Барбулеску. Во јануари истиот суд, донесе одлука дека компанијaта не го нарушила правото на приватност.

„Судот одлучи дека судот во Романија кога ја разгледувал одлуката на компанијата да го отпушти г. Барбулеску по следењето на комуникацијата, не успеал да најде баланс помеѓу интересите: правото на приватен живот и кореспонденција, од една страна, и правото на компанијата да го обезбеди тоа без проблем од другата страна“, објасни Судот.

Сè започна во 2007 година кога г. Барбулеску преку Yahoo Messenger им испраќаше пораки на својата сопруга и на својот брат. Компанијата тврди дека претходно ги известила вработените дека се следи комунукацијата преку Yahoo Messenger. Причината за отпуштање е приватната комуникација.

Промената е што Големиот судски совет сметаше дека судот од Романија пред одлуката не обезбедил потврда за предупредувањето на компанијата за користење на Yahoo Messenger. Друга причина е неможноста на првиот суд каде е водена постапката, да ја утврди причината за следењето. Компаниите имаат право да проверат дали вработените ги завршуваат своите обврски, но не смеат тоа да го злоупотребуваат.

„Останува нејасно дали г. Барбулеску можел да очекува приватност со оглед на рестриктивното регулирање на користењето на интернет од работодавачот за кое е информиран. Инструкциите од работодавачот не можат потполно да го редуцираат друштвениот и приватниот живот на работното место“, вели Судот во својата одлука.

Компаниите ќе можат да продолжат да ги следат вработените, но рамката на делувањето мора да биде многу потесна.

„Тоа што го направи оваа одлука е пто на компаниите кои мислеа дека имаат повеќе слобода отколку што имаа, ќе им покаже дека всушност немаат“, вели адвокатката Катрина Смит за BBC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии