Работата од дома и физичката изолација предизвикаа недостаток од веб-камери

Пандемијата на Ковид-19 и физичкото дистанцирање едни од други придонесе еден дел од нас да побара друг начин за социјализација. По се изгледа бројот на луѓе кои побараа начин за поврзување онлајн е поголем отколку што можеме да замислиме.

Со драматичната промена во работа од дома, учење од дома и телемедицината во текот на изминатите неколку недели, многу производи на Logitech имаат голема побарувачка низ целиот свет. Работиме да ја исполниме оваа потреба што е можно побрзо со зголемено производство и дистрибуција на нашите производи, како веб камери и слични производи за поголема продуктивности, кои помагаат во воспоставувањето на потребните врски од далечина во заедницата“.

Ова го покажа и истражувањето на NPD групата кое покажува пораст од 179 отсто во продажбата на веб-камери. Како последица на ова најголемите ланци на продажба во САД забележуваат недостиг на камери.

Секако покрај потребата за социјализација веб-камери се потребни и за работа од дома, телемедицина, едукација; и куп не нови, но актуелни примени кои покажуваат и пронаоѓаат нови начини за работа.

Amazon, Best Buy, Walmart, Target, Dell имаат недостиг на камери, а набавката не е едноставна, пренесува Verge. Вообичаено кога има недостиг на некоја роба, секогаш некој ќе се обиде да профитира. Така на Amazon цената на камери кои пред кризата се продаваа за 25 долари рипна во некој случаи и до 130 долари. Други пософистицирани камери кои се продаваа за 130 долари сега се продаваат за цена над 300 долари.

Еден од проблемите не самиот недостиг на камерите. Дури и кога камерите се достапни се наоѓаат во магацините на продавниците кои веќе не работат, па исто како да ги нема.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии