Quora, кој ги има моите податоци?

Платформата на која секој може да постави прашање и да очекува одговор е цел на напад на хакери. Во нападот се украдени податоци на 100 милиони корисници на Quora.

Компанијата објави дека на крај на минатата недела откриле дека податоците на дел од корисниците се компромитирани. Напаѓачот успеал да се инфилтрира во системот и да дојде до дел од податоците на корисниците. За жал деталите за нападот сè уште не се разјаснети до крај, но покрај експертите од Quora на истрагата се приклучија и експерти од надвор.

Она што е познато е дека се украдени податоци од над 100 милиони корисници. Дел од податоците се: име,  имејл адреса, енкриптирани (хаширани) лозинкки, податоци кои се импортираат во мрежата. Покрај личните податоци украдени се и податоци поврзани со платформата, гласови дадени за одговор, одговори, прашања и коментари.

Quora започна да ги известува корисниците чии податоци се компромитирани, и за корисниците кои се најавуваат со лозинки, лозинките се невалидни, па ќе треба да се променат.

„Наша одговорност е да обезбедиме вакви работи да не се случуваат и не успеавме во ова. За да ја одржиме довербата на корисниците, треба да работиме напорно за да бидеме сигурни дека ова нема да се повтори. Има малку надеж за споделување и зголемување на светското знаење ако луѓете не се чувствуваат безбедно и сигурно, и не можат да веруваат дека нивните информации ќе останат приватни“, велат од Quora.

Компанијата засега не дала одговор на едно од најважните прашање, а тоа е кој метод за хаширање го користат. Во зависност од методот лозинките на корисниците може да бидат откриени за неколку дена, или никогаш да не бидат откриени, вели Ars Technica.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии