Quo Vadis и Augmented Citizen ги предизвикуваа македонските развивачи на игри

Во Македонија има услови за креирање на видео игра, беше кажано од организаторите на Global Game Jam Македонија во неодамнешното интервју. Можеби е време и тие видео игри да бидат оценети во конкурс организиран од ПСМ Фондација, GDG Скопје, во соработка со Qua Vadis и Augmented Citizen.

Сите македонски развивачи на игри се поканети да аплицираат на конкурсот најдоцна до 23 јануари 2013-та година. Најдобрите три компании или тимови на Балканот ќе добијат влезници за наголемата конференција за развој на видео игри во Германија, Quo Vadis 2013, и менторство во вредност од 3.000 долари за подготовка и придружба во бизнис дискусиите водени од Мајкл Либ и Дан Ромеску.

Aпликациите за вашата најдобра игра креирана, во последниве 12 месеци, се праќаат на  [email protected], и треба да содржат краток опис на играта на англиски јазик (не повеќе од 100 збора); URL од каде може да се симне играта; и профил или портфолио на компанијата или тимот со презентација на членовите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии