Quip е елегантен едитор за текст за iOS, Android и десктоп

Quip е едитор за текст кој може да го користите од десктоп, но првенствено е креиран да се користи на таблет компјутери и паметни телефони. Апликацијата користи freemium модел, односно за домашна употреба е бесплатен, а се наплаќа за опцијата со која повеќе автори може да соработуваат на текстовите. Креатор на Quip е Брет Тејлор, поранешен главен директор за технологија во Facebook.

„Quip е модерен текст едитор оптимизиран за ерата на таблет компјутерите и телефоните. Иако сме во транзиција од десктоп на таблет компјутери, текст едиторите стагнираат… Промената кон преносните уреди е толку тектонска што ни овозможува да заборавиме на претходните едитори и да го промениме овој софтвер.“, изјави г.Тејлор за Techcrunch.

За разлика од останатите едитори, Quip ги адаптира документите според димензиите на екранот на кој го гледате без разлика дали сте на телефон, таблет или десктоп. Покрај ова апликацијата овозможува споделување на документите, при што корисниците добиваат нотификација кога документот е отворен и, уште поважно, можат веднаш да ги воведат соработниците со помош на интегрираниот сервис за текстуални пораки. Промените во текстот на повеќе соработници се подредени како во речиси секој популарен софтвер за текст разговор. Флексибилноста на екранот значи дека за корисниците на телефон, дијалогот ќе го зафаќа целиот екран, но за поголемите екрани ќе заземе положба покрај работ, оставајќи простор за текстот.

Quip е пред се наменет за користење на паметни телефони и таблет комјутери, и е достапна за iOS и Android оперативните системи. Дескотоп верзиите се поддржани за Windows и OS X. Што се однесува до конкуренцијата г. Тејлор вели дека Microsoft предлого чекале за префрлање кон мобилната платформа, а Office 365 и покрај тоа што е солиден текст едитор сепак доаѓа со претплата за iOS, а мобилната верзија за Windows Phone доаѓа со дополнителна наплата за апликацијата. За жал барем засега Quip не се снаоѓа со документите од Word апликацијата, а не постои можност ниту за експортирање на Quip документи за Word.

[youtube]2qONaJva5Rk[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии