Quick Chаrge 5 на Qualcomm ќе ги полни телефоните за 15 минути

Qualcomm ветува дека следната генерација на полнење за паметни телефони Quick Charge 5, ќе ги полни батериите многу побрзо. За само 5 минути батеријата ќе се наполни до 50 отсто, а за 15 минути ќе имаме полна батерија.

Полнењето ќе биде достапно на следната генерација паметни телефони. Qualcomm вели дека ова ќе биде прво полнење над 100W достапно во продажба. Сепак ова не е прв полнач над 100W кој беше претставен овој месец. Најпрво Vivo го претстави својот Super FlashCharge 120W полнач кој за слично време ги полни батериите. За 13 минути може да наполни батерии од 4000 mAh. Ова е покусо време од Qualcomm, но Quick Charge 5 ќе биде достапен на поголеми 4500 mAh батерии.


Можностите за побрзо полнење доаѓаат од напредокот кој овозможува два пати повисок напон и два пати поголеми брзини. Quick Charge 5 има 8 нивоа на наднапонска заштита, 3 нивоа на прекуструјна заштита, 3 нивоа на термичка заштита и три нивоа на временска заштита во системот за полнење, вели Qualcomm.

„Quick Charge 5, нашето најбрзо и најразновидно решение за полнење, ќе им овозможи на потрошувачите да уживаат во своите уреди подолг временски период, без да се грижат за времето потребното за полнење на батериите. Горди сме што можеме да го прошириме нашето портфолио на технологија и што ќе го направиме 100W+ полнењето комерцијална реалност “, вели Ев Роуч, заменик директор за менаџмент на производи, во Qualcomm Technologies, Inc.

„Остваруваме блиска соработка со производителите за да креираме водечки уреди во индустријата, уреди кои одговараат на желбите на потрошувачите за повeродостиони и подостапни мобилни искуства“.

Quick Charge 5 им е достапен на сите производители на Android паметни телефони. Очекувањата се дека полнењето ќе биде достапно за телефоните со Snapdragon 865 и Snapdragon 865 Plus процесори. Ова вообичаено се поексклузивните модели на паметни телефони, познати како „флегшип“ модели.

Qualcomm Quick Charge 5

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии