Qualcomm во соработка со Asus го претстави својот прв телефон

Дејан Соколоски

во Вести

Qualcomm го претстави својот прв телефон наменет за ентузијастите кои се дел од Snapdragon Insiders програмата. Произведен е во соработка со ASUS кои го дизајнираа, а името е „Smartphone for Snapdragon Insiders“.

Можеби помалку чудно уредот треба да ги претстави можностите на Snapdragon 888 процесорот, а компанијата веќе ја најави надградбата Snapdragon 888 Plus. Овие концепт телефони вообичаено се поскапи, но за 1500 американски долари колку што чини овој уред , сепак делува прескапо.

Smartphone for Snapdragon Insiders доаѓа со 512GB простор; 16 GB RAM; 6,78-инчен 144Hz OLED екран. Телефонот се отклучува со сензор за отпечатоци на прсти поставен на задната страна. Батеријата е со капацитет од 4000mAh и се полни со 65W.

Камерата е со три различни леќи од Sony, главната е со 64MP сензор, за широко-аголна фотографија користи 12MP сензор. Леќата која се користи за телефото е 8 МP. Сетап со три камери секако не е новитет, а квалитетот на камерата барем според спецификациите изгледа одлично.

Една од технологиите која е новитет е можноста за 24-битен 96kHz аудио плејбек. Smartphone for Snapdragon Insiders е еден од првите паметни телефони кои доаѓаат со Snapdragon Sound технологија. Како додаток на телефонот доаѓаат и MW08 слушалки кои надвор од пакетот се продаваат за 300 долари.

Што се однесува до оперативниот систем телефонот доаѓа со Android 11, што е стандард за флегшип уредите.

Без разлика на квалитетот на хардверот цената од 1500 долари е превисока  за уредот. Во моментов има голем избор на телефони кои не само се поевтини туку имаат и подобар хардвер. Со додавање на можности за супер-квалитетен звук Asus можеби се обидува да ги привлече аудиофилите, но прашање дали е ова остварливо.  Не толку одамна компанија со Asus ROG Phone се обиде да ги привлече љубителите на видеоигри.

1 коментар на “Qualcomm во соработка со Asus го претстави својот прв телефон

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии