Qualcomm и Samsung го претставија првиот 10nm Snapdragon процесор

Соработката на Samsung и Qualcomm го донесе Snapdragon 835, првиот 10-нанометарски FinFET процесор. Процесорот е наменет за користење во мобилни уреди, пред сѐ паметни телефони.

Новиот 10-нанометарски процесор ќе му овозможи на Snapdragon 835 да биде помоќен, а истовремено и поефикасен со батеријата. Процесорот ни овозможува да додадеме и низа функционалности кои ќе го подобрат искуството на корисниците во иднина, изјави Qualcomm.

Во споредба со 14 нанометарските процесори, новиот процесор зафаќа 30 отсто помал простор, и е 40 отсто поштедлив, а истовремено има 27 отсто поголеми перформанси. Помалиот простор ќе овозможи повеќе простор, дали за батерија или за потенок телефон е оставено на производителите.

Qualcomm ја најави и надградбата на QuickCharge, QuickCharge 4. Според информациите од Qualcomm полнењето ќе биде 20 отсто покусо, а за само 5 минути ќе може да се наполни телефонот доволно за пет часа користење.

1 коментар на “Qualcomm и Samsung го претставија првиот 10nm Snapdragon процесор

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии