Qualcomm го претстави Snapdragon 845 – следниот флагшип процесор

Snapdragon 845 е следната генерација на процесори од Qualcomm за најдобрите телефони на пазарот. Компанијата процесорот го претстави на Snapdragon Tech Summit. Веста остана во сенка на најавата за првите компјутери со ARM процесор.

Дополнително, иако процесорот треба да излезе во 2018 година, засега има премалку податоци. Она што е речиси сигурно е дека процесорот ќе се најде во речиси сите модели на телефони или траблет компјутери од висока класа. Ова секако нема да важи за телефоните на производителите кои сами си произведуваат и процесори.

Snapdragon 845 (Image Courtesy of Qualcomm)

Дел од податоците кои се објавени се дека фокусот на чипот е на процесирање на видео и слика, вештачка интелигенција, проширена и вирутелна реалност. Qualcomm најавува и уреди за виртуелна реалност нема да биде изненадување чипот да го пронајдеме и таму. Дополнително следните ARM-компјутери би можеле да доаѓаат со Snapdragon 845.

Прва компанија која најави дека ќе го користи процесорт е Xiaomi. Следните флегшип телефони на Xiaomi, Mi 7, ќе доаѓаат со овој процесор, вели TechCrunch.

1 коментар на “Qualcomm го претстави Snapdragon 845 – следниот флагшип процесор

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии