Сега истата игра, само 9 години подоцна, Quake Arena беше објавена во 1999 година, го отвара прашањето за иднината на видео игрите – прашање кое веќе се дискутира дали иднината на гејмингот е во „cloud computing” без инсталирање, достапно од било кој компјутер и отворено натпреварување за сите. Ако размислуваме пофутуристички достапни за играње преку мобилен, пример: iPhone.

Quake Live е бесплатна игра која се игра во прелистувачот. Ликовите и графиката се од оригиналната, која на времето бараше многу многу добри компјутери за да се игра, а сега е достапна на Firefox. :) Но и по 9 години развој на технологијата, играта се уште е адреналинска и забавна.

Интересот за играта е огромен, така откако ќе се регистрирате на сајтот Quakelive.com ќе почекате малку време за да почнете да играте. Времето на чекање е околу 30 минути до 1 час, а ако го испуштите редот се почнува од почеток. Тоа го научив по потешкиот пат, откако стигнав 100 на ред, се зачитав нешто по што видов дека сум вратен пак на 20.000+.

Откако ќе се вклучите одбирате лик. Ликовите сега изгледаат смешно, но претходно изгледаа страшно.

Прво што треба да направите е тест натпреварот против Crash, компјутерски карактер кој што ќе ви помогне да се снајдете во играта или ако не сте спремни за натпреварувањето има цел туториал за тоа како се игра и што значат предметите кои ќе ги најдете во арената. Туторијалот тука.

По „тест периодот“ играта одредува колку сте добри т.е какви се вашите вештини. Ова е важно затоа што во некоја арена можете да налетите на луѓе кои умеат да играат и да умирате секои 2-3 секунди, затоа играта со опцијата „Најди дуел“ ви бара дуел со некој вешт како вас. Ова е добро и за почетниците, и за хардкор играчите бидејќи добивате поени од секој натпревар, така да рангирањето според вештината дава шанса на сите. Има и опција да бидете гледач на мечот.

Најинтересен дел е што постои огромен избор на арени, во кои можат истовремено да се натпреваруаат од 2 до 16 луѓе, секој индивидуално или пак во тимови – црвен и плав. Исто така може да играте и со вашите пријатели во приватни арени. Постои и ‘chat’ за време на играњето така да може да се координирате со луѓето што играте.

Quake Live е феноменално нешто, бесплатно, адреналинско и забавно. Не одзема многу време и трикот е што може да изиграте и некој меч додека сте на работа, против шефот или некој рандом гејмер од некое рандом место во рандом свет (виртуелен или реален се разбира :D )

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии