Quake Champions ги отстранува кутиите за плен

Quake Champions е релативно забавна игра за мрежно препукување, но не и целата економија. Системот за награди е премногу непредвидлив и се дави во кутии со плен, торби, парчиња, и руни. Сево оваа отвора огромни можности за трошење вистински пари, но и бројни фрустрации кои повеќе не се лесно прифаќаат од гејмерите. Токму поради тоа, Bethesda планира целосно да ги промени системите за награда и да ја замени ваквата економија, заснована на случајни добивки, со пофлексибилен систем. За да успејат во тоа, Quake Champions ќе позајми трик-два од премиум пропусницата на Fortnite.

Слично на мега-популарната игра на Epic, Quake Champions ќе добие декемвриско надополнување каде ќе се воведат нови начини за надградба на ликовите. Паралелно со ова, ќе се можат да се отклучуваат вредни награди само со играње на играта и завршување дневни и неделни предизвици. Представник од студиото зад Quake Champions објасни дека награди во форма на случаен избор ќе бидат целосно исфрлени, а дигиталната валута ќе стане исклучително значајна за кутување работи кои навистина ги сакате. Новиот систем ќе има награди и за бесплатните и за премиум играчите.

Оние кои ќе купат премиум борбена пропусница ќе можат да добиваат корисни награди во времетраење од три месеци. По истекот на времето, можете да се претплатите на нова пропусница. Дури и подоцна да купите пропусница, сите награди се отклучуваат ретроактивно. Од 200 работи, пропусницата ќе има 50 целосно нови награди за отклучување.

Со комплетирање неделни награди, ќе отклучувате shards и XP. Со shards ќе можете да купувате нови изгледи, нови шампиони или работи од козметичка вредност. Добивање XP, односно искуствени поени ви дозволува да напредувате низ борбената пропусница и да отклучувате многу други работи.

Ако до сега имате насоберено еден куп кутии со плен, торби и слични валути, истите нема магично да исчезнат. Можете да ги користите кога и како сакате. Старите shards, меѓутоа, ќе бидат трансформирани во кутии со плен, a фавор ќе биде преточена во торби. Reliquaries и понатаму ќе фигурираат и ќе се појавуваат, но ќе гарантираат легендарен предмет, со 0 шанси за дуплирање.

Не се знае кога точно ќе се појави надополнувањето, но дефинитивно ќе биде пред новата година.

Дали сметате дека ваквите промени се во вистински правец? Дали ја играте Quake Champions? Дали сакате да ја играте со it.mk? Кажете нѝ во коментарите или на социјалните мрежи!

1 коментар на “Quake Champions ги отстранува кутиите за плен

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии