„Сите сме за жал веќе запознаени со катастрофите кои ја погодија Јапонија во изминативе неколку денови. Социјалните мрежи полека станаа наше главно средство за информирање, и за среќа или несреќа ни овозможија да ги следиме случувањата скоро инстантно. Но дали е тоа се’ за што социјалните мрежи можea и се уште можат да се искористат во ситуација како оваа? Искрено се надевам дека не е.”, вели Ива.

„Со Калина и Тино одлучивме да го дадеме нашиот придонес за промоција на настанот „Срце за Јапонија“ кој ни се допадна без да бидеме на било каков начин директно поврзани со негова организација. Започнавме со лепење на QR кодови кои содржеа јапонски поговорки, цитати, и линк до Facebook event-от на „Срце за Јапонија“ на градбите на Кензо Танге во Скопје. Ги фотографиравме и ги поставивме на Flickr и на Tumblr, и се обидовме да ги вклучиме социјалните мрежи во активност поголема од само пренесување на вести.“

QR кодот е дво-димензионален баркод кој содржи информација која може да се прочита со камерата на мобилниот телефон преку апликација.

7 коментари на “QR срце за Јапонија

  1. кензо танге најголемиот меѓу најголемите.во една прилика имам прочитано некаде дека тој самиот ги повлекол сите информации од јавноста од неговото портфолио Скопје!
    Следува и образложение: Човекот просто се срамел од себеси и својот неуспех на Скопје да му даде едно врвно модерно обележје.Затоа и не можете ништо да најдете на интернет- никаков податок нема.
    Не вреди да се пропушти животот туку така без да се види што се има направено Кензо Танге низ целиот свет. А Скопје како Скопје продолжува да прави copy-paste на некои заборавени и излитени идеи.

  2. Идејата е ок, само што Кензо Танге нема изградено ништо во Скопје, само негова е идејата за како/што би изледало

  3. Истражувавме на Интернет/по форуми за точно кои градби се на Танге, но немаше многу достапни релевантни информации. Сепак, нека биде трибјут на урбанизмот во Скопје, не на одделните градби прикажани на сликите, прифаќаме забелешка!

  4. Ми се допаѓа акцијата и ентузијазмот и целата реализација и СЕ! Ама (за жал има АМА) објективе не се на Кензо Танге. Посебно не МОБ, ГТЦ и Градски Ѕид. Урбанизмот за Скопје е на Кензо Танге, не самата архитектура на зградите. ГТЦ – Живко Поповски, МОБ – група словенечки архитекти, Градски ѕид – група македонски архитекти од Бетон и Македонија Проект.. Сепак, уште еднаш БРАВО!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии