Python станува најпопуларен програмски јазик

Python е веројатно наједноставниот и најфлексибилниот програмски јазик кој е достапен. Ова е една од причините поради која ја презема улогата на Java како воведен програмски јазик.

Ако ова не е доволно, Python е подготвен и за иднината. Токму флексибилноста е најголема причина за овој скок во популарноста.  Јазикот се користи за машинско учење, за обработки на податоци, за кролинг (crawling) и има и куп други примени.

Популарноста на јазикот ја забележа и Economist, кој на малку поинаков начин ја прикажа популарноста. Python според пребарувањата на Google не само што успева да се „држи“ со Java, C++ или C, туку на таа скала е и повеќе популарен од учесниците во реалити емисии како Ким Кардашијан. Според графикот најголем пораст во популарноста, или интерес за Python имало во периодот од 1998 до 2003 година.

„Секако не верував дека креирав програмски јазик за масовна употреба“, вели Гвидо ван Росум, креатор на јазикот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии